(ВИДЕО) Во Кочани и Штип два дена по ред се одржувале протести, толпа граѓани марширале низ улиците

Од:

Два дена по ред во Кочани и Штип се одржуваа протести на кои учествувале околу 60 лица. Од снимките може да се види како групата без соодветна дистанца од два метри, како толпа се движи низ Кочани, извикувајќи „Господ е голем“. Некои од нив, не ја почитувале ниту мерката за носење заштитна опрема, односно маските наместо на уста и нос ги носеле под брадата.

Од МВР велат дека протестот е најавен кај нив, но нема одговор дали има казнети учесници поради непочитување на мерките на Владата за заштита од коронавирусот. Причината за протестот била објава на социјалните мрежи од страна на скопјанец.

„Во четврток и петок, на подрачјето на СВР Штип, во градовите Штип и Кочани  низ централното градско подрачје  се одржал  мирен протест на кој учествувале околу 60 лица. По поднесена  групна пријава  од страна на учесниците во протестот до ОВР Кочани, каде како причина се наведуваат  постови со навредлива содржина против муслиманската вера постирани од страна на лицето И.Ѓ од Скопје“, велат од МВР за „А1он“.

Оттаму додаваат дека против скопјанецот кој ширел ксенофобичен материјал врз основа на верско убедување е поднесена кривична пријава од страна на Единицата за економски и  компјутерски криминал.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски