ВИДЕО: Во кампот остануваме додека конечно не падне владата на Груевски

Од:

За денешниот петти ден во антивладиниот камп пред Влада, гостин ќе биде српскиот режисер и антифашист Златко Паковиќ, тој ќе учестува во дебата, а ќе има и видео проекција на неговата „Ибезеновиот непријател на народот како Брехтова поучна пиеса“.

Меѓу другите активности на петтиот ден од поставувањето на кампот се и музички настапи на Кристина Арнаудова и Иван Раденов.

Во 18 часот најавена е дебата на тема „Театарот, стварноста и брехт“, со гостите: Паковиќ, антифашист, режисер и колумнист на белградски „Данас“, а домаќини се Никола Гелевски, уредник на порталот Окно и активист, и Владимир Милчин, професор, режисер и активист.

Во 20 часот ќе има презентација на тема „Новите улици во Скопје и темелните права на граѓаните“, во рамките на која ќе бидат претставени резултати од истражување спроведено од Плоштад Слобода на шест улици во три општини низ главниот град. Истражувани се практиките при реновирање на улиците и нивните ефекти врз пешаците, велосипедистите, луѓето со пречки во движењето, повозрасните граѓани, како и животната средина. Говорници и модератори на дискусија се Ивана Драгшиќ и Никола Наумоски.

Пред дебатите во кампот ќе има пинг-понг турнир, музика, хуманиратен базар. Од 21 часот се музичките настапи на Иван Раденов и на Кристина Арнаудова.

Програмата за петиот ден пред Влада завршува со проекцијата на „Ибезеновиот непријател на народот како Брехтова поучна пиеса“ на Златко Паковиќ, која почнува во 22 часот. Премиерно е изведена на 20 декември 2014 во Центарот за културна деконтаминација Белград, Србија.

Инаку вчера во антивладиниот камп имаше караоке со Огнен Јаневски. Сепак граѓаните во кампот не заборааваат зошто се таму и велат дека ќе останат додека конечно не падне целата влада на Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски