(ВИДЕО) Во Извиднички во Охрид преноќиле 120 лица, кампот ќе биде отворен додека граѓаните се чувствуваат загрозено

Од:

Извидничкиот камп во Охрид и денеска се полни со кампови покрај тие кои ги овозможија од кампот. Вчера таму преноќиле над 120 лица, од кои најголем број биле мајки и мали деца.

Од Извидничкиот камп велат дека шаторите ги поставиле без никаква помош од општина Охрид.

– Вчера преноќија 120 лица меѓу кои најмногу имаше мајки со бебиња, трудници, но и стари лица. Извидничкиот камп останува отворен за граѓаните и се надеваме дека ова наскоро ќе заврши, рече Ивица Ангеловски.

Владимир Костовски вели дека и вечерва очекуваат повеќе жители ноќта да ја поминат во Извидничкиот камп и ги повикуваат сите оние кои сметаат дека се загрозени во своите домови ноќта да ја поминат таму.

– Сакаме да продонесеме за граѓаните. Праќам апел до сите кои се чуствуваат небезбедно да дојдат тука, имаме капацитет до 150 луѓе. Сите кои сакаат да помогнат се добредојдени, вели Костовски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски