(ВИДЕО) Во Дебар и Центар Жупа е мирно, влез и излез само за животозагрозувачки ситуации

Од:

Првата ноќ од прогласување на Општина Дебар и Центар Жупа за кризно подрајче поминале мирно и без никакви инциденти, а исто таква е атмосферата и денес до претпладневните часови. Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, рече дека сите граѓани со мислите се со жителите на Дебар и Центар Жупа. Тој тврди дека државата ќе направи се за спроведување на ефикасни мерки и справување со ситуацијата за коронавирусот да не се шири. Кризната состојба ќе трае 30 денови, а по потреба и повеќе.

„Сите институции и нивните припадници стручни за спроведување на сите неопходни мерки и акции, се на терен. Формиран е оперативен штаб кој ќе раководи со активностите со цел справување и превенција од ширење на коронавирусот, со соодветни мерки и активности, на територијата каде е прогласена кризната состојба“, рече Спасовски.

Влез и излез од Дебар и Центар Жупа е дозволено само во животнозагрозувачки ситуации, рече Спасовски, кој потенцираше дека во таков случај треба дас е има потврда од овластено лице на Министерството за здравство. Премиерот е категоричен дека сите институции ќе одговарат на предизвикот за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска