(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Заев и другарите во владата ќе испијат 800 илјади кафиња оваа година

Од:

800 илјади кафиња ќе испијат Заев и другарите во владата оваа година. Нема крај на расипништвото на СДСМ. Наместо за општествено корисни работи власта ги троши нашите пари на скапи кафиња. Новата набавка на кафе во вредност од 45 илјади евра е врв на расипништво, рече Александар Кочев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е втора набавка на кафе оваа година од страна на владата, која претходно во јануари набави кафе во вредност од над 17 илјади евра. Партијата која ветуваше дека нема да се расфрла со парите на граѓаните сега немилосрдно ги троши. Само за споредба претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ годишно набавувбаше кафе во вредност од 10 илјади евра, додека СДСМ за само 8 месеци потроши 62 илјади евра или 6 пати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од година дена нема никаков проект, во државата се е стопирано, сите ветувања дадени кон младите се испоставија како една голема лага, државата се задолжува, а капитални инвестиции нема, но затоа има за луксуз. Има за кафе, има за цвеќиња, има за скапо платени промоции на капитулантски договори. Има за се само за граѓаните не, рече Кочев.

Според него, ова расипништво мора да запре.

– Граѓаните очекуваат нивните пари наместо за скапи цвеќиња и кафе да се инвестираат во нови училишта, градинки, болници, студентски домови. Оваа власт се покажа целосно неспособна. СДСМ мора да си замине.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата