(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што вчера се случуваше во тунелот на автопатот Демир Капија-Смоквица е трагикомично

Од:

Никола Цветкоски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека тоа што вчера се случуваше во тунелот на автопатот Демир Капија – Смоквица било трагикомично.

– Вчера екипата на Заев, предводена од директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, државната свеченост за отворање на автопат ја претвори во циркус, срам и јавен блам. И тоа на проект кој тие не го изградија. Поточно СДСМ не е одговорна за работа, туку само во делот на славење. На оваа лакрдија не се знаеше ни кој пие, ни кој плаќа, ни кој тера чочеци, ама се виде кој плаќа бакшиш. Тоа беше директорот Китанов. Срам невиден, рече Цветкоски.

Тој додаде дека тоа не било доволно, па дел од славјето биле и двокатните панорамски автобуси, по претходна дозвола на градоначалникот Шилегов.

– Запазете во истите тие автобуси кои СДСМ секојдневно ги критикува. Во центарот на прославата беше токму директорот на ЈП Државни Патишта Китанов. Видовме како ја предводи групата славеници и дели пари на музиката. Човекот кој треба да изгради 600 километри нови автопати, како што ветуваше Зоран Заев во кампања, дели пари како бакшиш наместо да гради патишта. Еве на ова се сведе стратегијата на СДСМ за инвестирање во инфраструктурата, рече Цветкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?