(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ со нов проект – ќе се изврши целосен отпис на долговите за вода и ѓубретарина настанати заклучно до 30.09.2017 година

Од:

„Новата ера, значи нова надеж за граѓаните. Новата ера носи раст и развој, сигурност и стабилност за сите граѓани на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ има предвидено реални мерки и проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Со стапување на функција на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и конституирањето на општинските совети, ќе спроведемe проект за еднократен отпис на долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09.2017 година, за сите социјално загрозени семејства.

Потенцирам ќе биде извршен целосен отпис на долговите за вода и ѓубретарина за долговите настанати заклучно 30.09.2017 година за следните категории граѓани:

• Приматели на социјална и постојана парична помош, категорија која опфаќа околу 35.000 граѓани.

• Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот, категорија која ќе опфати околу 8.000 граѓани. Како и,

• Семејства кои што се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната нето плата во Република Македонија.

Овој проект произлегува од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозените семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој проект.

Граѓаните кои долго време не можеле да го вратат долгот за вода и имале дури и утужени обврски кон водоводните претпријатија ќе можат да здивнат од тужбите и извршителите.

Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на Совети на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година!

ВМРО-ДПМНЕ секогаш го има доброто на граѓаните за свој приоритет. Службата кон граѓаните е наша обврска, работата за подобро утро наша должност. Граѓаните на 15-ти октомври имаат јасен избор. Изборот е ВМРО-ДПМНЕ и масовна поддршка за кандидатите под реден број 13. Секогаш работа, секогаш Македонија. Нова ера, за нови победи!“, изјави Светислав Васев.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ