ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ слави и во Кисела Вода, се чекаат резултатите за да се знае дали кандидатот победи во прв круг

Од:

Со огномет ВМРО-ДПМНЕ слави победа во Кисела Вода, додека се чекаат конечните резултати во општината. Мал број на гласови, според партијата, одлучуваат дали нивниот кандидат Орце Ѓоргиевски, ќе оди во втор круг или ќе победи во прв круг. Ова е само една од низата прослави кои ги има опозициската партија по првиот круг од локалните избори.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ победи во Кисела Вода во прв круг, тоа ќе е 21 општина во која тие кажаа дека освоиле градоначалничко место. Тесна е разликата за победа во прв круг и во Аеродром, но и Ѓорче Петров каде кандидатите на опозициската партија имаат големо водство.

Инаку, освен во Кисела Вода, се славеше во Охрид и пред партиското седиште на партијата.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска