(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Скандалите на Заев со јавните набавки продолжуваат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со нови информации за градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ Зоран Заев во врска со јавните набавки во општината, оценувајќи дека „тие се поголеми од очекувањата на кого било“.

– Зоран Заев се опуштил и мислел дека Општина Струмица е негов приватен посед, а парите на граѓаните дека се пари со кои тој може да стопанисува без почитување на никакви морални стандарди, рече на денешната прес-конференција Александар Колев.

Тој презентираше документи за нова јавна набавка, директно од Општина Струмица, која ја добила фирмата Јавор-Шпед која тогаш била во сопственост на Горан Крстев, а сега во сопственост на неговиот татко Симеон Крстев.

– Фирмата Јавор-Шпед ДООЕЛ на ден 10.10.2008 година склучува договор за јавна набавка со Општина Струмица во вкупна вредност од 18.234.587 денари во периодот кога Горан Крстев е сопственик на оваа фирма. Горан Крстев, покрај тоа што во Струмица е познат како личен пријател на Зоран Заев, е и бизнис партнер и ортак на братот на Зоран Заев, Вице Заев во фирмата “Сара Јавор Инжинеринг ДОО Струмица“, за што на една од претходните прес-конференции и ве информиравме. Оваа јавна набавка не е дадена на фирма на братот на Зоран Заев, но е дадена на фирма на неговиот ортак. Провидно и наивно. Сега сите ние треба да веруваме дека се е чисто, рече Колев.

Според него, овој случај на јавна набавка со фирмата Јавор Шпед покажува дека покрај најблиското семејство во системот на Зоран Заев се вклучени и нивните партнери и ортаци. На овој начин, додаде, Зоран Заев го изигрува Законот за јавна набавка, но не може да ја изигра неговата лична, морална и политичка одговорност.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар