(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Сите јавни претпријатија во општина Куманово се во загуба

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини за лошо работење на јавните претрпијатија во Куманово каде што градоначалник е Зоран Дамјановски од СДСМ.

Пратеникот Јордан Пачков на прес-конференци посочи дека низата загубари во Куманово, покрај ЈП Водовод е и ЈП Куманово гас. Според него, поставувањето на новиот директор на ЈП Куманово гас, Драган Петровски, само го потврдил непотизмот во редовите на СДСМ. Тој рече дека таткото на Драган Петровски бил близок пријател на градоначалникот Зоран Дамјановски и како адвокат ја застапувал општината долги години.

– Ваквото константно недомаќинско работење и именување на кадрите на СДСМ го доведоа Куманово пред целосно уништување. Директна штета од лошото поставување и раководење на кадрите во општината од страна на СДСМ имаат само граѓаните на Куманово. ЈП Куманово гас бележи постојана загуба од над 30 милиони денари. Долгот на ЈП наместо да се намалува, тој од тримесечје во тримесечје постојано се зголемува. Во првото тримесечје во 2013 година ЈП Куманово Гас бележи загуба од 1,2 милиони денари. Веќе во второто тримесечје во 2013 година ЈП Куманово Гас бележи загуба од 2,8 милиони денари, рече Пачков.

Лошото работење на градоначалникот и кадрите на СДСМ, според него било потврдено пред десетина дена на последната седница на Советот на општина Куманово кога мнозинството донесе одлука, која не е поддржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, да се зголеми основачкиот влог на претпријатието на седум милиони денари.

Оваа одлука оди на директна штета на граѓаните бидејќи парите за зголемување на влогот ќе бидат обезбедени од парите наменети за јавното осветлување четири милиони денари и од парите обезбедени за изградба на нови патишта и одржување на патишта три милиони денари, изјави Пачков.

Посочи дека јавното осветлување е под директна надлежност на ЈП Куманово Паркинг претпријатие кое исто така е загубар.

– Од шупливо во празно, па така двете претпријатија одат во загуба. Јавните претпријатија во општина Куманово се во очајна состојба. Сите јавни претпријатија во општина Куманово се во загуба. Зоран Дамјановски општината ја доведе пред банкрот, а градот пред целосен колапс, обвини Пачков.

Би можело да ве интересира

Во Куманово СДСМ на конвенција презентиран кандидатот за градоначалник, Мартин Костовски и советничката листа

Мицкоски: Левица е на услуга на ДУИ, сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ

Ѓорѓиевски: Скопје е наш заеднички дом, град на кој му припаѓа секој од вас, без разлика на партија, вера или националност

Димитровски: Граѓаните заслужуваат да живеат достоинствено, со нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Ако нашето судство и обвинителство не беше во скутот на Заев и Ахмети, Филипче до сега ќе беше зад решетки

Андоновска: Луѓето на СДС и ДУИ во судството го спасија Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница, со тие кадри нема независно судство