(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Што направи Шеќеринска за Прилеп и прилепчани?

Од:

„Г-ѓо Шеќеринска за да им се обратите на прилепчани, ние во Прилеп велиме „треба да имате оставено образ!” Г-ѓо Шеќеринска, зарем по веќе две децении постоење на политичката сцена Вие се сетивте дека имате прилепско потекло? Зарем немате ни малку совест, па вчера сте дошле во нашиот град? Кажете што Вие г-ѓо Шеќеринска имате направено во Вашето долгогодишно искуство како функционер на СДСМ и како функционер на Владите на Црвеновски? Што Вие направивте за Прилеп и во Прилеп додека бевте Вицепремиер на Р. Македонија?“, рече Љубен Котески.

Г-ѓа Шеќеринска, се од влегувањето во Прилеп, па низ сите улици каде се движевте, се што гледавте наоколу се проекти на оваа Локална самоуправа предводена од Марјан Ристески и ВМРО – ДПМНЕ како и на Владата на ВМРО – ДПМНЕ. И плоштадот каде го држевте Вашиот говор и проект на оваа власт. Го споменувавте Участакот! ООО, долгогодишна г-ѓо функционер на СДСМ, тој Участак го оставивте да се распаѓа! Но добро го видовте од местото каде што зборувавте! Да тој е реконструиран и и тој е како и се друго во Прилеп проект на ВМРО – ДПМНЕ! Участакот е синоним на револуционерната промена во Прилеп токму со оваа Власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ!
Споменавте револуција… да г-ѓо Шеќеринска… и Паркот на Револуцијата го реконструира оваа Локална власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ!

Г-ѓо Шеќеринска, престанете да лажете! Вашето време помина! Немојте уште еднаш да си дозволите да зборувате Вие во Прилеп и за Прилеп, Вие и Вашата партија кои немате ниту еден проект да го споменете кој сте го реализирале во нашиот град! Или можеби ги сметате за проекти бандерата пред која Бранко Црвенковски се сликаше во Прилеп, или Вашиот бонбона бизнис направен со продажбата на ЕСМ? Ниту еден проект освен илјадниците стечајци, гладните семејства и спомениците од затворени фабрики!

Г-ѓо Шеќеринска, секој може многу лесно да заклучи дека и Вие всушност се срамите да стоите до Бранко Црвенковски, па затоа сте дошле во Прилеп!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”