(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваме со протести додека Заев и Османи кријат што преговараат со Бугарија

Од:

На седницата на Извршниот комитет кој се одржа вчера во Битола, донесена е одлука за продолжување на протестите за спречување на националниот срам кој ѝ се подготвува на Македонија од страна на Зоран Заев и неговите соработници, соопшти денеска членот на ИК на ВМР0-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

„Зоран Заев е таткото на спорот со Бугарија. Иако ја убедуваше македонската јавност дека со потпишувањето на спорниот договор повеќе немаме отворени прашања со соседите, очигледно е дека се отворија нови и досега неоспорувани теми. Република Македонија е блокирана. Протестите продолжуваат затоа што Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се’ се подготвени да прифатат од бугарската декларација.Го повикуваме министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев. Доколку во истиот не се задира во македонскиот јазик, идентитет и историја, тогаш зошто Заев и Османи го кријат овој документ?“, изјави Андоновски.

Протестите продолжуваат утре од 17:00 часот пред МНР во Скопје.

„Би сакале да и се заблагодариме на македонската јавност на трпеливоста во метежите на улиците, но треба сите да разбереме дека ова е наша национална борба, борба за спречување на разградувањето на македонската нација“, рече Андоновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ