(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Приведувањето на Јакимовски одмазда кон политичките неистомисленици

Од:

„СДСМ ја претвори Република Македонија во дувло на криминалот и корупцијата. Граѓаните секојдневно се сведоци на најбрутален грабеж и злоупотреби на државните ресурси за задоволување на хедонистичките потреби на власта. Секојдневно се сведоци на наместени тендери, иновативен криминал тежок десетици милиони евра и распродажба на највисоките државни интереси.

Граѓаните сето ова го гледаат и го чувствуваат. Затоа Зоран Заев и криминалниот картел на власт се во паника. Затоа продолжуваат уште пожестоко политички да ги злоупотребуваат институциите во обид да дефокусираат од секојдневните скандали и да го заплашат народот и секој што не се согласува со нивната антидржавна и расипничка политика“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија е единствена држава во Европа каде што се апсат и притвораат пратеници на опозицијата, без никаква основа, спротивно на Уставот и законите.

Малку им беше и тоа, па сега тргнаа да апсат и лидери на парламентарните партии.

Вчерашното приведување на лидерот на политичката партија ГРОМ, господинот Стевче Јакимовски не е ништо друго, освен одмазда кон политичките неистомисленици и обид за прикривање на актуелните скандали во кои се живи фатени.

Приведувањето на лидерот на ГРОМ, господинот Стевче Јакимовски е политичка конструкција со која што Зоран Заев сака да испрати порака дека органите на прогонот се негови инструменти и дека без разлика на доказите и правдата, секој може да биде мета на политички прогон, доколку јавно се осудил да го посочува криминалот на Заев и кликата околу него.

Јакимовски не се плашеше да обелодени дека Зоран Заев на ливче му побарал 250.000 евра. Јакимовски не се плашеше јавно да говори за заканите кои СДСМ му ги упатуваше откако одлучи да се кандидира за градоначалник надвор од партијата на Заев.

За жал во Македонија нема независно обвинителство и судство. Наместо истрага за криминалите на Заев, гледаме политички спектакли и приведувања.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува злоупотребата на државните институции за пресметка со политичките неистомисленици.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се почитуваат законите и европските стандарди и да запрат политички монтираните случаи.

Сите оние кои се ставиле на страна на криминалниот картел во власта и слепо извршуваат политички наредби, имаат и своја индивидуална одговорност. Нивните постапки ќе бидат детално испитани откако Зоран Заев ќе замине од власт. Откако ќе се врати правната држава ќе има одговорност за сите оние кои постапувале надвор од овластувањата и спротивно на законот.

Зоран Заев, СДСМ и нивните извршители треба да знаат дека ваквото нивно дивеење е знак на слабост и нема да може да го заплашат народот, ниту пак да ги замолкнат граѓаните кои се погласно се спротивставуваат на нивните антидржавни политики.

Ова не е демократија и ова не се стандарди кои не водат кон Европската Унија. Ова е обид на една криминогена структура да владее со страв“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција