(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Јованоски да го реализира ветувањето и да „донесе чист воздух”

Од:

„Со оваа прес конференција сакаме да се обратиме до вас, но и до надлежните локални власти и да ги повикаме да се подготват добро за следната седница на Советот.

Имајќи го во предвид фактот што грејната сезона е почната, и е во полн ек, а земајќи ја во предвид предизборната програма на актуелната власт предводена од СДС и Градоначалникот Илија Јованоски во која на граѓаните им ветуваа живот и чист воздух, ја користиме оваа прилика да ги информираме дека како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ на првата наредна седница на Советот ќе побараме дополнување на Дневниот ред на седницата со една точка и тоа:

Донесување на Одлука за одобрување на средства за набавка на четири апарати за мерење на загаденоста на воздухот на територијата на Општина Прилеп.

Имено, ако ветувате дека на граѓаните ќе им обезбедите чист воздух така треба да почнете и да делувате. Затоа ние ќе бараме од Советот да донесе одлука со која ќе се набават овие апарати со кои континуирано би се контролирал квалитетот на воздухот во Општинава и неговата загаденост.

Согласно Законот за квалитетот на амбиентниот воздух и неговите одредби постои можност и локалните власти да воспостават локални мрежи кои вклучуваат автоматски мониторинг станици за мерење на нивото на сулфур диоксид, азот диоксид, јаглерод моноксид и суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10) во воздухот.

Затоа што буџетот за 2018-та сега се подготвува и затоа што нема никаква пречка за набавка на вакви мерни станици, еве можност градоначалникот Илија Јованоски да реализира едно од своите ветувања и „да донесе чист воздух во Прилеп”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски