(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски е синоним за лаги и манипулации

Од:

Стево Пендаровски е синоним за лаги и манипулации. Пред изборите во 2019 година им велеше на граѓаните дека власта на СДС и ДУИ ги затвориле сите отворени прашања на Македонија со соседите. Тој отиде дури и понатака па ги уверуваше луѓето дека Бугарија и Грција биле главни поддржувачи на македонската интеграција во ЕУ. Нити едното, нити другото е точно. Пендаровски а зина, а излажа, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако Пендаровски и СДС прифатија капитулантски договори на штета на Македонија, условувањата, негациите и отворените прашања не исчезнаа. Напротив политиката на свиткана кичма донесоа блокади, понижувања, згазено достоинство и поголеми апетити на оние кои не и мислат добро на Македонија. Денес Пендаровски пак без срам ќе зборува за решавање на отворени прашања, ќе агитира за нова измена на устав и ќе убедува дека тоа ќе биде последното понижување(по кој знае кој пат). Овој пат граѓаните нема да му веруваат, туку него ќе го „решат“ и ќе му ја покажат излезната врата од македонската политичка сцена. Пендаровски го изгуби својот кредибилитет и интегритет. Време е за промени“ посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер