(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица со најголем тендерски скандал во Македонија

Од:

Општина Струмица го има најголемиот тендерски скандал во Македонија. 138.766.399 денари е вредноста на 29 јавни набавки кои досега и беа презентирани на јавноста, а ги доделил Зоран Заев и директорите кои тој ги поставува на фирми што се во директна фамилијарна и сопственичка поврзаност со нив.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти Иво Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој потсети дека општина Струмица и нејзините институции давале јавни набавки на фирми во кои сопственици се или биле роднините на Зоран Заев.

– Од СДСМ нема одговор на овој најголем тендерски скандал што се случил во Македонија. СДСМ и нејзиниот претседател не собраа храброст да ги признаат фактите и да признаат дека целата фамилија Заеви учествувала во овој организиран систем. Нивната одбрана се сведе на измислување и креирање  манипулации против лица од ВМРО-ДПМНЕ со цел да не замолчат. СДСМ се надеваше дека така работите ќе останат под тепих. Тоа ние никогаш нема да го дозволиме. Тоа не е начин на работа, потенцира Ивановски.

Целата јавност, како што рече, веќе го дознава скандалозниот систем на чија основа Зоран Заев креирал бизнис империја.

– Тој систем се вика октопод. Политиката е само негов начин како да дојде до пари за фирмите од неговата фамилија. ВМРО-ДПМНЕ го разоткри во целост ваквиот систем во кој Зоран Заев не е сам, тој вклучил и други високи партиски функционери на СДСМ. Доказ за тоа се јавните набавки од општина Струмица кои ги добивал шурата на сегашниот пратеник на СДСМ Панче Орцев, а тој пак како директор на ЈКПД Комуналец за возврат давал јавни набавки на фирмите од кланот Заеви, информира Ивановски.

Ако Струмица е најуспешниот пример како СДСМ треба да работи, потенцира Ивановски, тоа значи дека СДСМ има намера ваквиот модел да го спроведува секаде во Македонија.

– Ако Заев е најчесниот во СДСМ, тогаш можеме да замислиме какви се другите. СДСМ има сериозен проблем. СДСМ нема кредибилитет. Зоран Заев нема кредибилитет. Сите наши тврдења се потврдени со документи и докази. Сите прашања, изобличувања и тврдења од страна на СДСМ се со карактер на улично озборување. Време е СДСМ да ги прифати фактите. Време е Зоран Заев да ја прифати моралната одговорност и да и се извини на македонската јавност, истакна Ивановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит