(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Оние кои се смееја и аплаудираа на палењето фотографии треба да си заминат

Од:

„Признанието дека палењето на фотографии на претседателот Ѓорге Иванов е примитивен и антидемократски чин не е доволно. Сите што инспирираа и поддржуваа вакво однесување мора да сносат одговорност. Хулиганите блиски до СДСМ пред две години, освен што палеа фотографии, демолираа и уништуваа државни институции.

Сега истите преку државните институции уништуваат и уриваат споменици по урнек на Талибанците и ИСИС. Сега истите тие се обидуваат да ги навредат сите Македонци низ светот, поистоветувајќи ги со еден изолиран случај, само заради решителноста да се спротистават на антидржавните политики на СДСМ и срамното тргување со највисоките национални интереси.

Ваквото деструктивно однесување, невидено за демократска Европа, мора да запре. Оние кои се смееја и аплаудираа на палењето фотографии треба да си заминат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски