(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Новото раководство на СДСМ – шминка за болната реалност на партијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека со последниот избор на раководството СДСМ испуштил шанса да понуди нешто ново, туку напротив, партијата избрала луѓе кои и досега обавувале високи партиски фунции.

–  Новото раководство на СДСМ не е никакво изненадување. Во него се наоѓаат лица кои или долго време, во последните дваесетина години, обавуваат високи функции во СДСМ, повеќе луѓе кои биле членови на кабинетот на Бранко Црвенковски или луѓе кои дошле во раководството заради фамилијарни и лични релации со досегашни политички и бизнис тајкуни од СДСМ.  СДСМ ја испушти шансата да понуди комплетно нова политичка и кадровска понуда. Место тоа, тие понудија за членови на раководството луѓе на Бранко Црвенковски, луѓе на Радмила Шеќеринска и луѓе кои јавноста ги знае по нивно учество во многу погрешни политики на СДСМ, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски.

Новото раководство на СДСМ, додаде тој, е само шминка која треба да ја затскрие болната реалност за оваа партија.

– Но, лицето се гледа. На тоа лице се луѓето на Црвенковски, луѓето кои се со години во раководството на СДСМ, нивните деца и зетовци, бизнис олигарсите на СДСМ и квази-независните новинари и невладини активисти, рече Бичиклиски.

Според него избраниот потпретседател на СДСМ Ванчо Узунов важи за ревносен и гласен поддржувач на економските политики на Бранко Црвенковски, кои како што рече, на Македонија и се нанесоа најголеми штети.

Долгорочен соработник на СДСМ, додаде, е и Рената Тренеска Дескоска, која како што рече Бичиклоски, е позната во партијата по френетичното поддржување на сите политики со кои Црвенковски правеше деструкција на правната држава.

Соработници на Црвенковски, како што истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, се и избраните Пеце Мирчевски, Есад Рахиќ и Ванчо Ѓоргиев, познат како Ванчо Деликатес, Ѓоко Танасковски и Благојче Бочварски и двајцата деца на поранешни функционери на СДСМ, а денес газди.

– Новиот член на ИО на СДСМ и нов потпретседател на СДСМ, Александар Кирацовски од Битола, е дел од луѓето на Радмила Шекеринска. Тоа што не го запамтиле или тоа што сакаат да го скријат во СДСМ е дека за него во медиумите, пред неколку години, пишуваше  дека учествувал во крвава тепачка во која било користено и ладно оружје. Во таа тепачка луѓе останале со телесни повреди. Ако еден ваков кадар заслужил да добие место потпретседател на СДСМ, тогаш ние сме загрижени за кадровската политика на таа партија, истакна портпаролот Бичиклиски.

Во новиот ИО на СДСМ, додаде, членува и Виктор Петрушевски од Куманово, кој во градот од каде што потекнува го знаат по две работи. Првата, истакна тој, е дека партиски е вработен во ЈП Куманово Гас и втората е дека е потенцијален зет на градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц.

– Или треба да си роднина или треба да имаш бизнис со релација со некој олигарх од СДСМ за да бидеш во раководството на СДСМ, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Горан Наумовски

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он