(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Нови сомнителни јавни набавки склучени од општина Струмица

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска презентираше три нови, како што велат од партијата, сомнителни јавни набавки, кои фирмата ХИТ Бекатон ги склучила со општина Струмица, во период од само една недела.

Од партијата потсетуваат дека фирмата ХИТ Бекатон тогаш била во сопственост на Костаке Трајков, шура на Панче Орцев, кој во време на овие сомнителни набавки бил директор на општинското претпријатие Комуналец, а сега, веројатно по награда, пратеник во Собранието на Република Македонија.

– Видливо е дека Панче Орцев, како директор на Комуналец доделувал јавни набавки на фирми од фамилијата на Заев, а Зоран Заев од општина Струмица доделувал набавки на фирми од фамилијата на Панче Орцев. Вака си делеле. И волкот сит и овците на број, но граѓаните без своите пари.  Дрско, безобразно и ниско, овие луѓе си ги делеле интересите на грбот на граѓаните. Панче Орцев делел јавни набавки на фирми од кланот Заеви, но за награда добивале и фирми од неговата фамилија, а потоа и станал пратеник, рече на денешната прес-конференција Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека ова е доказ оти станува збор за организиран и добро планиран систем, во кој повеќе луѓе од СДСМ биле замешани.

– Да бидеме прецизни. На ден 9 август 2010 година фирмата ХИТ Бекатон добива дури две јавни набавки во општина Струмица. Едната во вредност од 823.994 денари, а втората во вредност од 481.676 денари. Дополнително, за само неколку дена истат фирма ХИТ Бекатон, на ден 16 истиот месец добива и трета јавна набавка во вредност од 535.248 денари. Заев во неколку дена на шурата на директорот, кој тој го поставил да раководи со Комуналец, му дал три јавни набавки, истакна Спасов.

Вкупната вредност овие три набавки кои денеска ги презентираа и онаа од вчера, според партијата, е во висина од 3.360.017 денари.

– Зоран Заев, на шурата на директорот, кој тој го поставил му префрлил близу 55.000 евра. Ова е скандалозно. Ова е вистински октопод кој функционира на ниво на Струмица, во кој се вклучени сите раководни социјалдемократи од тој град, а на чие чело стои Зоран Заев, рече Спасов.

Додаде дека обидите на СДСМ да ја дефокусира јавноста со измислици и лаги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги натераат да не говорат за скандалозните јавни набавки на Зоран Заев, судирот на интереси и непотизмот кој владее во Струмица.

–  Тоа нема да им помогне да го сокријат фактот, дека Зоран Заев создал систем на испумпување на пари од граѓаните на Струмица за семејно богатење. истакна Спасов.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Заев да излезе во јавност и да признае дека фирмите од неговото семејство и нивните бизнис партнери добивале јавни набавки во општина Струмица и општинските установи под негова директна надлежност.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов