(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Ниската кампања на СДСМ со 13% поддршка од граѓаните

Од:

„Ниската кампања без ниту еден предложен проект и гнасните лаги секојдневно пласирани од вашето партиско раководство ве донесе до мизерните 13% поддршка меѓу граѓаните. Додека ВМРО – ДПМНЕ изработува оттчет за сработеното и нуди програма за наредните 4 години, СДСМ коалицира со Народна партија и Либерална партија кои повеќе не постојат во анкетите“, велат од владеачката партија.

Но, вистинските социјалдемократи својот револт од оваа неприродна коалиција го искажуваат на секој чекор со истакнување на самостојни листи за советници. Набрзо тоа ќе се случи и во Прилеп. Распадот на СДСМ е се поевидентен,смешните проекти за 500 акумулации значат потоп за оваа губитничка коалиција.

Како можете да се надевате на рејтинг и успех со Фрчковски, Ѓунер и Грчев, со нив можете само да се надевате на разнебитување на Македонија, тоа народот го гледа и затоа рејтингот Ви е ваков каков што е.
СДСМ својата големина ја покажа со коалицијата со ВМРО Народна партија барајќи спас или алиби за дебаклот кој ги очекува на Локалните избори.

Почитувани,прилепчани добро паметат кои сте Вие и што направивте за нас. 8 години Ве повикуваме да ги покажете Вашите дела,но никако да го направите тоа. За впечатокот да ви биде комплетен,следниот пат пред единствената инвестиција во Прилеп, бандерата во Лениште, думајте да ги донесете Љубчо и Тито, бидејќи сојузот на иднината одлично Ви функционира! Како резултат на тоа Васиот рејтинг е 13%.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски