(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Непотизам во јавните тендери во општина Струмица

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го обвини денеска градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ Зоран Заев за непотизам при доделување на јавните набавки во Општина Струмица и во институциите кои се во надлежност на општината, што, како што велат од партијата, не го прави ништо поразличен од неговиот претходник Бранко Црвенковски.

– Ова што денеска ќе го видите е само мал дел од Октоподот на Заев. Станува видливо сомнителното работење при изборот на фирми за склучување договори за јавни набавки на локалната власт во Струмица, предводена од градоначалникот Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција Спиро Ристовски презентирајќи документи за своите тврдења.

Тој појасни дека фирмата ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО од Струмица, чиј сопственици се Панчо Заев, татко на Зоран Заев, и Љупчо Заев, роден чичко на Зоран Заев, го добила тендерот за набавка на прехрамбени производи и средства за одржување на хигиена на Јавната Општинска установа „Детска радост”, која е во надлежност на Општина Струмица, што, како што рече, е класичен судир на интерес.

– Фирмата ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО потпишува два договори за јавна набавка со Јавната Општинска Установа „Детска радост“ во ист ден – на 11 април 2013 година, во вкупна вредност од 3.641.478 денари, односно 3.358.777 за првиот и 282.701 денар за вториот договор за јавна набавка, пари кои всушност одат на сметката на фамилијарната фирма на градоначалникот Заев, ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО. Синот Заев, попатно и претседател на СДСМ, на фирмата на својот татко, преку институција за чие раководење и работење има надлежност како градоначалник, и доделува јавна набавка во висина од 3.641.478 денари, рече Ристовски.

Ова, рече тој, не е само сомнителен случај, туку ги поминува сите граници на одговорност спрема граѓаните.

– Зоран Заев не е во политика за да работи за граѓаните, Зоран Заев е во политика заради остварување профит на фирмите од Кланот Заеви. Ова се цврсти докази, кои покажуваат дека раководењето на Зоран Заев со Општина Струмица е сомнително и има елементи на класичен судир на интереси, рече Ристовски, додавајќи дека сето ова е доказа оти Зоран Заев и Бранко Црвенковски, воопшто не се разликуваат.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ