(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Не сакаме да се фалиме колку сме хумани со донираните лустери

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не ја открива вредноста на лустерите кои неодамна ги донираа во црквата во селото Љубанци, бидејќи не сакале да се фалат колку се хумани, изјави на прес-конференција партискиот портпарол Наум Стоилковски. Според него лустерите не биле луксуз и не сакаше да одговори кои се другите предмети од инвентарот во белата палата кои партијата размислува да ги подари или донира.

„Јас не би рекол дека се луксусзни предмети кога станува збор за донација. Тоа е доброволен прилог за кој не е убаво да се фали човек. Се пофалил Тарчуловски дека се донирани два лустери во манастир и тоа е тоа. Нема да шпекулирам со вредности и цена, не е хумано да се експонира во јавноста за тоа. Нема да навлегувам во она што значи етичност во донации. Доколку органите на партија одлучат да се соопшти вредноста и цената, тогаш ќе ги соопштиме“, рече Стоилковски.

Денеска од СДСМ обвинија дека донацијата на ВМРО-ДПМНЕ е под сомнителни околности и потсетија дека имотот на партијата е замрзнат поради судски предмет , како и дека не се дозволени донации за време на кампања.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред јавноста треба да кажат колку чинат и како се набавени скапите лустери? Дали и каде, во кој финансии извештај ја пријавиле оваа луксузна набавка? Да потсетиме, имтот е замрзнат заради судски предмет пред надлежниот суд а во ек на кампања не се дозволени донации. Дали криминалниот имот, стекнат на сметка на граѓаните сега се шверцува на сомнителен начин?“ изјави Костадин Костадинов.

Реакциите следуваат откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски кој е еден од амнестираните за 27 април, јавно на „Фејсбук“ се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за донираните лустери.

„Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кои се извадени од централниот штаб, а кои беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата „Св. Никола“ во с.Љубанци ќе Ви е вечно благодарна“, напиша Тарчуловски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски