(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: На Прилеп не му треба кадар од транзицијата

Од:

СДСМ на граѓаните им понуди за градоналници, кадри од транзицијата, луѓе кои лично профитирале и стекнале богатство како резултат на приватизацијата на Бранко Црвенковски. Зад успешната слика која СДСМ сака да ја претстави за Хари Локвенец, се крие човек кој профитирал токму во времето на транзицијата. Неговото лично учество во приватизацијата на Прилеп е видливо.

Фактите се следни:

Прво, Локвенец купи објект/погон над 4000м2 во Ридтекс преку фирмата Гинис. Ридтекс беше фирма која беше обезвреднета, а потоа нејзиниот имот приватизиран од Локвенец.

Второ, додека за повеќето прилепчани транзицијата значеше сиромаштија, за Локвенец тоа значи драстично богатење, за да денес тој поседува деловни и станбени објекти во вредност од над 1 мил евра-дуќани во Прилеп, станови во Скопје, куќа во изградба во Бардовци итн.

Трето, во 2006 година Локвенец соработувал и со Димитар Богдан (близок пријател на Бранко Црвенковски) директор на Тутунскиот комбинат АД Прилеп кој доби петгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената функција. Фирмите на Локвенец фактурирале на Тутунски Комбинат АД Прилеп околу 4 милиони денари во една година, за набавка на принтери и печатење на блузи. 

Додека фирмите во транзицијата се затвораа и обезвреднуваа Локвенец ги купуваше. Отука сосема е извесно и дека функцијата градоначалник ја гледа како можност за стекнување на личен профит и напредок на своите фирми. 

Се обиде да ги излаже прилепчани и со гасификација, но потоа го снема. Не кажа како ке го реализира овој проект.

На Прилеп не му треба кадар од транзицијата кој ќе го води градот. 

На прилепчани им треба напредок и проекти кои ќе значат конкретно решавање на предизвиците. Тоа и се прави со општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски