(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: МВР ТУРС нека го објави работниот налог на Димовски за Охрид

Од:

„МВР ТУРС продолжува да вози во летните денови. Продолжуваат скандалите на МВР со злоупотреба на службените возила. МВР ТУРС по турите до Солун, сега организира и бесплатни тури со службени возила до Охрид.

По злоупотребата на службено возило за приватни потреби на сега поранешниот директор на БЈБ, Лазе Велковски, медиумите објавија дека службено возило во текот на минатата недела користел и Командантот на единицата „Алфа“ Примислав Димовски.

На фотографија која ја објавија медиумите се гледа како службено возило на МВР, управувано од Димовски се наоѓа на паркинг во Охрид.

Единицата „Алфа“, чиј Командант е Димовски има овластувања за дејствија само на територија на Градот Скопје, активности надвор од Скопје може да врши само со претходно овластување од Началникот на СВР Скопје“, рече Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се поставува прашањето што бара началник на единица чие овластување за делување е само во Скопје, со службено возило да патува во Охрид, која задача ја вршел или пак бил на приватно викенд патување?

Ако навистина имал работна задача во Охрид, еве го повикуваме МВР јавно да го објави налогот кој наводно го имал Димовски?

Се друго во спротивно на ова е лага и манипулација од страна на МВР ТУРС и уште една злоупотреба на државни ресурси за приватни цели.

МВР и Димовски да излезат и да го покажат налогот со овластување доколку го има, во спротивност Димовски да си поднесе оставка на функцијата Командант на единицата „Алфа“.

Злоупотребите кои се заштитен знак на СДСМ не смеат да останат неказнети. Одговорност мора да има“, изјави Сергеј Попов.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он