(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Младите се срамат од Зоран Заев

Од:

„Младите се срамат од Зоран Заев и од оние малкумина од СДММ кои го бранат криминалот на владата

Единствената брана на европската иднина на Македонија е Зоран Заев и неговата криминална банда на власта.

Европската иднина на Македонија и младите во неа е загрозена заради скандалозниот рекетарски октопод кој што со поддршка и амин на Заев се инсталираше во Македонија.

Европските вредности се погазени со Луј Витон правосудството кое е под директна контрола на власта и кое работи по диктат кога треба некој да се прогонува, кога треба некој да се амнестира“, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се додека во Македонија се случуваат крвави тендери во здравството, наместени јавни набавки и сомнителни концесии на функционерите од власта, до тогаш Европската Унија ќе биде далечен сон за младите.

Се дури семејните бизниси на премиерот со плантажи со марихуана се неговиот приоритет, до тогаш 140 илјади млади ќе живеат во сиромаштија, 47% од младите ќе бидат невработени, а 80% од младите ќе сакаат да се иселат.

Младите во Македонија се срамат од малата група луѓе од СДММ кои се уште беспоговорно го слушаат и аминуваат на погрешните политики на Зоран Заев. Животот кој Заев им го ветуваше во Македонија им го претвори во пекол и затоа младите шансата се повеќе ја бараат надвор од својата земја.

Додека во Македонија владее рекетот, неправдата и бизнисите на власта до тогаш се повеќе ќе се зголемува бесперспективноста и очајот во нашата земја. Тоа мора да сопре, а единствената шанса да се дојде до тоа е Зоран Заев да падне од власт. Само така Македонија ќе добие јасна европска перспектива, а младите својата иднина ќе ја добијат во својата родна земја“, изјави Валентин Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски