(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Македонија – земја на заеднички резултати и еднакви можности

Од:

На вчерашниот митинг уште еднаш покажавме дека навистина ИМА РАЗЛИКА!

Прилепчани ја препозна таа разлика и својата поддршка ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ. Континуирано ја даваат поддршката на партијата која комплетно го промени изгледот на градот, партијата која зад себе остава дела и проекти во интерес на граѓаните. Ви благодариме за континуираната доверба! Сплоени и единствени со позитивната енергија која ни ја давате продолжуваме со нова програма за подобрување на животот на граѓаните преку конкретни мерки и проекти, велат од партијата.

Градење на држава на еднакви можности и подобрување на условите за живот на граѓаните, а особено децата е еден од основните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ. Во таа насока минатата година направивме реконструкција на градинката во населбата Бончејца и капацитетот се зголеми за околу 100 дечиња. Грижата за децата и понатаму останува наш приоритет. Со цел унапредување, подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот и менталниот развој на детето до 6 годишна возраст, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ планирана е изградба, реконструкција и адаптација на градинка во Прилеп.

Понатаму, како модел за грижа и помош на деца со пречки во развојот и нивните семејства во 2014 година во нашата општина е предвидено отворање на Дневен центар за деца од улица, а во 2017 година отворање на Дневен центар за деца со аутизам. Целта на овие дневни центри е да даваат услуги за дневно згрижување, престој, нега, исхрана, психосоцијална рехабилитација и реедукација на децата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ