(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Jавни набавки и за сопругот на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска презентираше нови факти за, како што велат од партијата, системот на Зоран Заев за лично и семејно богатење.

– Во тендерскиот скандал вклучени се многу високи функционери од СДСМ. Зоран Заев освен на татко му, чичко му, братучедите, стрина му и снаа му, јавни набавки доделувал и на фирмата на сопругот на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова и тоа во многу наврати. Во тоа не би требало да има ништо лошо, според законите како што вели Зоран Заев, но има многу голем проблем знаејќи го фактот за политичката поврзаност и близина на Зоран Заев и Цветанка Иванова, рече на денешната прес-конференција Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со овие примери, како што рече, веќе станува јасно дека општина Струмица е центар од кој се спроведувале многу сомнителни активности.

– Општина Струмица на 26.10.2010 година склучува договор за јавна набавка со фирмата Дикор ЦД ДООЕЛ Струмица во сопственост на Димчо Иванов, сопругот на пратеничката од СДСМ, Цветанка Иванова. Зоран Заев на сопругот на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова му исплатил 3.555.663 денари само по овој основ. Ова значи дека најголемиот тендерски скандал во Македонија е многу поголем и има позагрижувачки размери. Влезен е и во политиката, истакна Ристовски.

Тој потенцира дека веќе не се работи за семеен, туку за добро испланиран семејно-политички бизнис систем за искористување на парите на граѓаните.

– Ако досега бевме сведоци дека јавни набавки добиваа семејните фирми на Заеви и фирмите на нивните бизнис партнери, сега јасно се гледа дека милионски суми од парите на граѓаните добивале и семејни фирми на високи функционери во СДСМ. Можеби така се купува поддршката и довербата во СДСМ. Ваквата бизнис поврзаност на Зоран Заев и фирмата на сопругот на пратеничката Цветанка Иванова отвора дилеми колку длабоко е навлезен октоподот на Зоран Заев во струмичкото општество, нагласи Ристовски.

Сите манипулации и лаги кажани за било кој од ВМРО-ДПМНЕ, истакна Ристовски, нема да не спречат да и ја презентираме вистината на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски