(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Горан Трајковски да одговори дали бил дел од истрага за незаконско прибавување на опрема во текстилната фирма

Од:

„Од центарот на Делчево кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Трајковски вчера на еден дрзок и крајно лицемерен начин се обиде да ја искриви реалноста на неговиот минат труд и да го избрише колективното паметење на граѓаните на нашиот град.

Граѓаните се прашуваат дали и кога Горан Трајковски во неговата идилична прес конференција кажа дека ќе работи чесно, мислеше на наводнoто чесно работење на текстилната фабрика во која тој имаше сопственички удел во минатото?

Горан Трајковски треба да им одговори на граѓаните како беа набавени дел од машините за шиење во оваа фабрика.

Г-дине Трајковски одговорете и на јавноста дали сте биле дел од истрагата за незаконско прибавување на опрема за работа на оваа фирма?

Дали се вистините тврдењата на јавноста дека на дел од добавувачите на оваа текстилна фабрика им должите пари и истите немате намера да им ги вратите.

Дополнително кажете и на делчевската и целата македонска јавност дали е вистина дека поради вакви и слични должничко-доверливи односи вие лично сте учествувале во физички пресметки со вашите дотогашни соработници?

Доколку имате барем грам совест одговорете на овие прашања.

Дали бруталните плукања врз трудот и маката на земјоделците од Делчево и цела Македонија за вас г-дине Трајковски во минатата сезона имаат воопшто нешто заедничко со самопрогласениот живот на вашиот лидер Зоран Заев?

Или пак за вас животот за делчевчани подразбира лажење на лекарите и зголемувањето на нивната плата. Лажење на пензионерите за растот на нивните пензии. Лажење на работниците со фамозната просечна плата од 500 евра?

Како не ви е срам да ветувате изградба на филтер станица на вода за пиење за делчевчани? Кога за истиот овој проект, иако се обезбедени финансии за негова имплементација, од актуелниот градоначалник на Делчево, штетните и деструктивни политики на вашиот лидер, Зоран Заев ја спречуваат реализацијата на овој егзистенцијален проект за Делчево?

Граѓаните на Делчево добро ве познаваат. Граѓаните ќе ве поразат на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Кристи Стојковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ