(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора да ја напушти функцијата и тоа веднаш

Од:

Министерот, Венко Филипче е целосно неспособен за водење на секторот на здравство. Резултатот на неговата неспособност се човечки жртви! Последната вест е починато предвреме родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство. Причина се условите, поточно крајно лошите услови на Клиниката, несоодветно стерилизирани инструменти и сали! Министре, како е можно деца да умираат поради несоодветни услови на Клиника?, праша Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

“За жал ова за вас е само еден во низата смртни случаи поради лоши услови на клиниките и здравствените установи. Ова е скандал!

Министерот не знае да се снајде со епидемијата на морбили и има 4 смртни случаи. Доцни со мерките затоа последиците се такви!

Затоа Филипче е фокусиран на пари и профит, а негова специјалност стана распродавање на здравството! Од министерувањето резултат се само
некакви физибилити студии, сомнителни тендери и човечки жртви! Грижата за здравјето на граѓаните за Филипче не постои!

Цената на лошото министерување е преголема. Токму затоа министерот Филипче мора да ја напушти функцијата и тоа веднаш.”, порача Славева.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он