Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од општина Центар денеска до Комисија за спречување на корупцијата поднесе претставка за работата на Андреј Жерновски.
Повикувајќи се само на објави во одредени медиуми кои лиферуваа информации за начинот на кој актуелниот градоначалник се рекламирал, реагираат за нетранспарентност и селективност. Според нив повластени биле медиуми финансирани од СОРОС, а зад рекламниот отктопод се криела пералница на пари на СДСМ.
Даниела Рангелова советничката на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, не даде конкретен одговор, како поранешното раководство на чело со Владимир Тодоровиќ се рекламирало во медиумите и зошто тогаш како советници не реагирале кога се плаќале реклами со општински пари. Според неа, сега не се знаело преку која ставка од буџетот се испумпуваат пари од општинската каса, Жерновски молечел, и посочи дека рекламирањето во мандатот на Тодоровиќ било транспарентно и според законот.
Градоначалникот на општина Центар по оркестрираната камапања на одредени медиуми, неколку пати посочи дека цинично е оваа власт да говори за пари потрошени во реклами.
„Оваа влада, според информациите од меѓународните асоцијации за слобода на медиуми потрошила 1,5 % од буџетот или 39 милиони евра за една година рекламирање“, изјави Жерновски.
Жерновски побара надлежните да дојдат во општината и да извршат контрола, иако тоа власта го прави од кога општината ја презеде ова раководство.
Бојан Стојановски