(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Дно е еден пратеник да биде причина поради која се запира работата на еден угостителски објект

Од:

Драган Христов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМЕН Делчево денеска одржа прес-конференција на која што го обвини пратеникот Павле Богоевски за дивеење и лумпување во кафеана.

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува заканите на Павле Богоевски и неговите пријатели од СДС кон лицето Кирчо Анастасов, поради објавен фејсбук статус во кој се опишува дивеењето и лумпувањето на Павле Богоевски и неговите другари низ делчевските кафани, однесување кое делчевчани не се должни да го трпат.

Распашаноста на СДС е одвратна и срамна, додека граѓаните од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари и подобрување на животниот стандард пратениците на СДС со народни пари се пијанчат низ кафеаните и ги малтретираат граѓаните кои излегле на една пијачка, а мора да го трпат нивното безобразие.

Дно е еден народен пратеник кој има за задача да биде гласот на граѓаните во македонското Собрание во доцните вечерни часови да биде причината поради која се запира работата на еден угостителски објект, а кога некој за тоа јавно ќе искоментира да биде изложен на закани од типот на знаат горе за статусот “ќе зажалиш за тој статус”.

Не е прв пат функцонери на СДС да се закануваат и да замолчуваат луѓе со поинакви ставови. СДС не знае друг начин на владеење освен со закани и заплашувања, тоа граѓаните го имаат прочитано и не им се плашат!

МВР треба во најбрз можен рок да го расчисти случајот и да биде гарант за сигурноста на граѓаните. Апелираме до сите надлежни органи да постапуваат согласно законот, а поединци да не се дрзнат да го заобиколуваат законот поради партиски или слични наредби.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да продолжи ова насилничко однесување на СДС, граѓаните не смеат да бидат жртва на насилничките тенденции на една партија.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат