(ВИДЕО) Трипуновски: Дебарското езеро е доведено на раб на пресушување заради неспособноста на Заев

Од:

Дебарското езеро е доведено во очајна состојба поради неспособноста на владата на Зоран Заев и раководството на АД ЕЛЕМ. Дебарско езеро е буквално пресушено езеро, со пад на нивото на водата од цели 18.22 метри, обвинува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека катастрофата е дотолку поголема, ако се знае фактот дека истото од раб на целосно пресушување е само 1.78 метри, толку е разликата од моменталниот водостој и минималната кота на Дебарското езеро.

„Состојбата во која е доведено езерото изискува поголем период на полнење и водата од истото во наредниот период е исклучително опасно да биде користена за производство на електрична енергија, секако доколку не се сака целосно пресушување на езерото.

Имајќи во предвид дека оваа влада не се грижи за ништо што е национално можеме да претпоставиме само како ќе завршат и езерата во Република Македонија.

Снимките веќе ги гледаме по социјалните мрежи, како целосно изумира рибниот фонд, е е уште една катастрофа, која е резултат на пресушеното езеро.

Состојбата со Дебарското езеро е уште полоша доколку се посматра низ процес на сврзани садови со Преспанското, Охридското и езерото Глобочица, од кои сите се со намален водостој, и за да се наполни истото е потребно симултано полнење на сите три гореспомнати езера.

Што мислеше Зоран Заев и СДСМ кога ги празнеше езерата за профит и кој ќе одговара за оваа еколошка катастрофа која ни се случува во моментов. Зоран Заев е главниот виновник за ова што се случува, затоа се што фати исуши“, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела