ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ со чочек на пратеничките прашања, Џафери ги опомена

Од:

Денешната седница за поставување пратенички прашања до владата ВМРО-ДПМНЕ ја почна со пуштање музика за чочек од нивните телефони. Координаторот на пратеничката група, Драган Данев, им порача на пратениците од владејачкото мнозинство да престанат со славење и да ги остварат ветувањата.

„Престанете, 10 дена славите со чочеци и коктели. Правите сè за да ги оттргнете граѓаните од реалните проблеми. И Могерини ви порача дека треба само пола ден да славите“, рече Данев.

На музиката што ја пушташе ВМРО-ДПМНЕ, реагираше собранискиот спикер Талат Џафери, кој им рече „Собрание не е место каде што се прават вакви работи“.

Пратеникот Илија Димовски преку процедурална забелешка му порача на претседателот Џафери сериозно да ја третира седницата, па побара во иднина сите претставници на Владата да бидат на седницата.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците