ВИДЕО: Власта не ги прифаќа оставките на СДСМ

Од:

Седницата на Собранието каде требаше да се констатираат оставките на пратениците од опозоцијата е одложена а претседателот на Собранието Трајко Вељаноски не прецезираше за кога точно.

33-те депонирани оставки од СДСМ денеска требаше да се најдат пред пратениците, а одложувањето Вељаноски го оправда поради државнички интереси. Според него политичките разлики во државата не смеат да го загрозат развојот на односите со ЕУ и НАТО.

„Македонија мора да продолжи со силно темпо да ги реализира целите за натамошен развој на односите со Европската унија и НАТО, независно од нашите политички разлики а тоа единствено можеме да го направиме здружени и сплотени. Затоа тука ја прекинувам оваа четврта седница на која треба да се констатираат оставките на нашите колеги пратеници и за продолжението на истата дополнително ќе ве информирам“, изјави претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?