ВИДЕО: Владина делегација положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Глигоров

Од:

Владина делегација што ја предводеше министерот за здравство Венко Филипче, во придружба на министерот задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните компании Зоран Шапуриќ, и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, положи свежо цвеќе на гробот на покојниот поранешен претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

„Како прв претседател на самостојна и независна Република Македонија, Глигоров имаше клучна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање.

Остануваат запаметени, меѓу другото, и неговите ставови за добрососедските односи дека „ние со сите наши соседи сакаме да имаме добри, пријателски односи, да имаме што поотворени граници, и да се свртиме кон оние проблеми кои не обединуваат, кои бараат заемна соработка – економска, политичка, и друга… И да ја оставиме историјата на страна“, се вели во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да ја продолжиме визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија

Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров

Катерина Ѓуровски

Дваесет и девет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Зечевиќ, положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров

А1он

Владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров, еден од најистакнатите градители на современата македонска држава

А1он

Дванаесет години од смртта на претседателот Киро Глигоров

А1он