(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата се откажува од набавката на нов службен воздухоплов по критиките упатени од СДСМ, иако, како што нагласи, авионот би го користеле и идни влади, а не само актуелната.

Мицкоски истакна дека одлуката е донесена за да се избегнат дополнителни политички тензии, но предупреди дека прашањето за безбедноста и функционалноста на постојниот авион останува отворено.

„Ако се урнеме и починеме, тогаш ќе стане јасно зошто ни треба нов авион“, изјави премиерот, алудирајќи на состојбата на сегашниот воздухоплов.

Тој воедно го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека не го испочитувал договорот од лидерската средба, според кој, како што тврди Мицкоски, опозицијата немало да ја критикува Владата за евентуалната набавка на нов авион.

СДСМ преку писмено соопштение реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со користењето на владиниот авион, обвинувајќи го за лицемерие и неодговорно трошење на јавни средства.

Од партијата велат дека „многу тажната приказна на премиерот ја довела до солзи половина Македонија“, алудирајќи на неговото образложение дека авионот бил набавен за хуманитарни цели. Според СДСМ, премиерот треба да објасни дали личните патувања на море со владиниот авион ги смета за „хумани“.

Во реакцијата се наведува дека хумано би било зголемување на платите на работниците на 600 евра, со оглед на тоа што, како што тврдат од СДСМ, граѓаните тешко ги покриваат основните животни трошоци.

СДСМ додава дека доколку премиерот има страв од летање со владиниот авион, може да користи комерцијални летови и економска класа, оценувајќи дека „нашата економија не е за бизнис класа“.

Од опозициската партија бараат Мицкоски да открие детали за приватното патување на Јадранското Море и да одговори кај кого престојувал. Воедно, го обвинуваат дека следи политички инструкции од странство и дека во јавните настапи користи реторика слична на регионални лидери.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери