ВИДЕО: Владата го утврди текстот на Предлог-законот за јавно обвинителство

Од:

Владата го утврди текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство за кој е одлучено да оди на усвојување во Собранието по скратена постапка, информира владината прес-служба.

Утврдениот Предлог-закон, како што посочуваат од Владата, е усогласен во претходна постапка во Собранието и во него се вградени решенија што обезбедуваат функционирање на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности со прeдвидени услови за фер и еднаквост на страните во правосудната постапка.

-Решението на Предлог-законот гарантира дека сите судски процеси кои беа во надлежност на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон за да добијат правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази, се вели во соопштението од Владата.

Новина во Предлог-законот, според Владата, е изборот на јавен обвинител во обвинителството за организиран криминал и корупција кој ќе се се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија. За Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Советот ќе го именува кандидатот кој што ќе освои најмногу гласови од листата на пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите согласно овој закон.

-Предметите од надлежност на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите преземени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон, се посочува во соопштението од Владата.

На денешната 8-ма седница е утврден и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, кој исто така на Собранието на Северна Македонија му се предлага да биде усвоен по скратена постапка.

Целта на предложените измени и дополнувања е да се обезбеди правна рамка за независен, поактивен и влијателен Совет на јавни обвинителисо посилна улога во спроведувањето на обвинителската слобода на одлучување.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата