ВИДЕО: Владата да ја утврди цената на маските за заштита, препорачува МАЛМЕД

Од:

Во изминативе три дена Инспекцискиот совет на терен утврдил дека во најголем процент се почитуваат мерките и препораките на Владата за заштита од корана вирусот, рече претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

„Од 16 до 18 март, во 79 надзори констатирано е дека јавните превозници оддржуваат високо нивно на хигиена. При проверките за влез додека работеше скопскиот аеродром и на отворените гранични премини, утврдено не дека сите патници пополнуваат изјава за самоизолација и здравствените инспекции им издаваат наредби. Во текот на спроведувањето на надзорите беше забележано дека дел од обврската на деловните субјекти кои работат со транспорт и храна не ги почитуваат препораките за вработените да носат заштитни маски, но од денска се вклучени инспекторите за Агенција за храна и ветерина и истите ќе ги санкционираат овие појави, рече таа на денешната прес конференција.

Што се однесува до цените на лековите и зголемената цена на заштитните маски, Инспецискиот совет предлага Владата да ја утврди цената и да нема отстапка од истата.

„Агенцијата за лекови МАЛМЕД изврши 18 инспекциси надзори и зголемени цени на лекови се утврдени само таму каде што е зголемена набавната цена. Сепак што се однесува до цената на заптитните маски и на средствата за дезинфекција зголемени цени, Владата да утврди цена која не смее да се надмине за маски и дезинфекциони средстви, за контрола на оваа неправилност МАЛМЕД ги споделува информациите со со инспекторатот“, рече Филиповска-Грашкоска.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски