ВИДЕО: Викнете силно, излезете на улица – поддршка за Студенстки пленум од цел свет

Од:

Студентски пленум повикува на протест во петок, во 14 часот пред Владата на Република Македонија!

Нивното мото е „Да го вратиме образованието на образованите“.

Во меѓувреме Студентски пленум доби поддршка од странски студенти.

„Издржете“, „Со вас сме“, „Ние сме иднината, мора да се слуша и нашиот глас“, „Викнете силно, излезете на улица и побарајте ги своите права“, „Автономијата на Универзитетот е загарантирана“, „Владата нема првао да бара студентите да полагаат испити за да си ги добијат оценките“, „Не смее да има угнетувачки и економски пречки за студентите“, ова се дел од пораките со поддршка од САД, Русија, Естонија, Босна и Херцеговина, Германија, Кина.

Владата без вистинска дебата го усвои спорниот Закон за високо образование, невградувајќи ниту едно од барањата на студентите и професорите. Собранието, на два дена пред Нова година, на 29. декември ќе гласа за законот.

Би можело да ве интересира

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Студентското собрание бара дополнителните трошоци да не бидат на товар на студентите

Српското Обвинителство бара притвот за насилниците кои истепаа студенти

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Демонстрантите со жива музика се веселат во Автокоманда

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски