(ВИДЕО) Весковски: Јакимовски продолжува со расипничкото трошење спротивно од интересите на граѓаните

Од:

„Градоначалникот на Општина Карпош во заминување, Стевче Јакимовски продолжува со расипничкото трошење на парите на граѓаните и ресурсите на Општината.

И покрај силното противење на советниците од СДСМ, Советот на општината, по нарачка на Јакимовски, преку советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ, одлучи да подари 450 м2 пластицифиран лим на Јавното претпријатие Јасен за санација на неколку економски објекти на претпријатието.

Овој лим е купен со пари на граѓаните на Карпош и служи за замена на старите и штетни азбестни покриви на колективни и индивидуални станбени објекти кои се наоѓаат исклучиво на територијата на Општина Карпош. Но, наместо да се искористи за првобитната намена, Јакимовски реши во постапки кои се надвор од вообичаената процедура, самоволно и без никаква консултација да го подари на други субјкети надвор од општината.

Со донираниот лим можеа да се заменат покривите на неколку индивидуални куќи во општината и да се заштити здравјето на неколку семејства, но и овој пат Јакимовски покажа дека личните интереси му се далеку над интересите на граѓаните.

Ова е уште еден доказ дека на Општина Карпош и требаат итни и темелни промени. По промените на централно ниво, веќе есенва доаѓаат промени и на локалната власт. Карпош ќе добие нов Совет и градоначалник кои ќе се грижат за интересите на граѓаните и ќе работат за доброто на цела општина, наместо да работат на лични бизнис интереси како што тоа го прави Јакимовски“, изјави Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски