ВИДЕО: Верифицирани мандатите на пратениците, седницата одложена додека не се формира Комисија за избор и именување

Од:

Собранието ги верифицираше мандатите на сите пратници кои беа избрани на предвремените избори на 11 декември.

Откако ги верифицираше мандатите, Трајко Вељаноски ја прекина седницата додека не се формира Комисија за избор и именување која треба да достави предлог за избор на претседател на Собранието.

– До сега нема предлог од 10 пратеници за Комисијата за избор и именување. Ги замолувам овластените претставници на коалициите и партиите во догледно време да се состанеме за да можеме да продолжиме со седницата. Тука сум приморан да ја прекинам седницата, рече Вељаноски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска