ВИДЕО: Венецот со смртна закана за Борјан, новинарите го вратија во Владата

Од:

Граѓани и активисти, денска напладнe, им се придружија на стотината новинари кои пред Владата вратија венец со смртна закана, што вчера вечер беше оставен пред домот на новинарот Борјан Јовановски. Откако синоќа беше одземен од полицијата од домот на Јовановски, новинарите купија нов венец за да го вратат во Владата.

Колегите на Борјан со гнасење и одлучно му го вратија венецот на испраќачот, порачувајќи му така дека не му се плашат.

– Многубројните закани кои ги добивал Борјан, кои сум ги добивала јас и многубројните колеги кои се осмелуваат критички да пишуваат за работењето на владата, оваа закана беше онаа што најмногу не’ потресе. Пред се’ заради тоа што синоќа дома беа децата на Борјан кои имаат седум и двет години кои се тресеа од возбуда и не знаеја како да реагираат, а ние не знаевме да им објасниме што се случува.

Не ми е јасно како може ова да се случува, не ми е јасно зошто се потребни закани и зошто не може да има дијалог помеѓу сите нас за да се договориме како новиарите може и треба да работат.

Ова е нецивилизиран начин на комуницирање и што е најстрашно станува опасен. Се надевам дека овие смртни закани ќе престанат, рече Светлана Јовановска, сестра на Борјан и дописник од Брисел.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Трамп: Би сакал новинарите да имаат пристап до Газа

Горан Наумовски

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

СДСМ: Полицијата на Тошковски повторно легитимира новинари

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност