ВИДЕО: Велосипедите легнаа на „Илинденска“ за да му се оддаде почит на малиот Давид

Од:

Граѓанската иницијатива „Коце, врати ни ги улиците“, со мирен протест му оддаде почит на прерано загинатиот велосипедист, 13-годишниот Давид, и сите трагично загинати жртви на скопските улици-пешаци и велосипедисти. Граѓаните ги спуштија велосипедите на земја за да укажат на опасностите кои им престојат на пешаците кога преминуваат улица во Скопје.

Собирот од пред фонтаната продолжи во Градски парк, каде Давид последен пат го возел својот велосипед со другарите.

Само во изминативе осум месеци во Скопје настрадале 15-на пешаци и велосипедисти и покрај многуте ветувања, нема ниту еден изграден надземен или подземен премин за пешаци, ниту пак воведување на трамвај со цел намалување на автомобилскиот сообраќај, велат од граѓанската иницијатива.

koceulicite

„Протестот е против лошата градска политика, во однос на катастрофалната инфраструктура, наменета за овие две категории на граѓани, кои се и најзагрозени во метрополата. Како и против лошата порака, поточно никаква, која градоначалникот Коце Трајановски ја испраќа на возачите на автомобили и мотори, кои со години дивеат на улиците и одземаат човечки животи. А тој дури не се ни загрижил јавно ниеднаш околу тоа“, велат од таму.

koceulicite1

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски