(ВИДЕО) Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива

Од:

Бараме поддршка за силно продолжување на тоа што беше од 2017 до 2021 година кога имавме градежна офанзива. Затоа сакаме тоа да продолжиме, да изградиме уште неколку училишта во подрачните места, уште неколку улички, останат во населените места, така да ќе останеме први во регионот, односно во државата, со 100% приклучени домаќинства во водовод, да имаме асфалтирани улици, зелени површини, нови училишта и нови градинки, тоа е најважната работа за граѓаните на општина Лозово порача кандидатот за градоначалник Ацо Велковски од СДСМ, на денешната средба со граѓаните на општина Лозово.

Тој истакна дека од 2017 до 2021 година Лозово било во вистинска градежна офанзива, кога биле реализирани бројни инфраструктурни проекти, но дека тоа не продолжило откако ДПМНЕ ја презеде општината.

„Зад нас се оставени повеќе од 50 проекти. Бошко Цветковски имаше време од 2021 до 2025 година да ги реализира, но, за жал, само околу 20% од тие проекти се реализирани. Бараме поддршка за да ги завршиме започнатите проекти и да започнеме нови,“ додаде Велковски.

На средбата, тој соопшти дека е постигната коалиција со Милан Ашиковски, кандидатот од првиот изборен круг.

„Денес потпишавме договор за заедничка поддршка во вториот круг. Со гласовите на Милан и неговиот тим заеднички обезбедуваме сигурна победа. Да продолжиме со работа, со проекти и со развој. Да покажеме дека Лозово знае што значи напредок,“ порача Велковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?