(ВИДЕО) Велковски: СДСМ и Шилегов веќе неколку години ги манипулираат граѓаните на Чаир

Од:

„Денес советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Чаир и дел на советниците Град Скопје присуствуваат на собирот на жителите во Чаир, со цел посетување на централните и градските власти дека чаирчани се заборавени од нивна страна.

Граѓаните на Општина Чаир скоро три години чекаат да дојде животот од ветените мерки од централната власт, и две години од мерките на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Мандатите им истекуваат, а животот на граѓаните во Општина Чаир не само што не е подобен туку истиот е полош и потежок од претходно. Кога им беа потребни гласовите на овие граѓани денешните функционери од централните и градските власти беа секој ден поприсутни со најразлични ветувања за жителите на оваа општина. Оттука беа избрани и именувани на одредени позиции и повеќе не ги посетија овие граѓани. Ниту ги реализираа нивните предизборни ветувања“, рече Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ