(ВИДЕО) Велковски: Пратеничката група на СДСМ ќе бара одложување на законските измени за пазарџиите

Од:

„СДСМ со внимание ги следи реакциите кои произлегоа од законските измени што ги засегаат граѓаните кои остваруваат трговска дејност на пазарите.

Затоа, пратеничката група на СДСМ ќе бара и ќе се залага за одложување на спроведувањето на измените, со цел да се овозможи време засегнатите страни да дојдат до заедничко решение“, рече Диме Велковски, пратеник од СДСМ и коалицијата.

„Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да си заработи денар плус, но и решение кое ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија.

Институциите, продавачите и организаторите на пазарите неопходно е на заедничка маса да дискутираат како да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни“, изјави Диме Велковски, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?