ВИДЕО: Величествена литија во Струга

Од:

Вчера, по деветти пат во Струга се одржа торжествената литија (Еордија) со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона. Годинава литијата беше збогатена и со иконата на Сепречистата Владичица Богородица – Крнинска од манастирот Пречиста – Кичевска која што беше носена од четворица кичевчани.

Илјадници верници најпрвин во храмот на Великомаченикот во Струга прво учествуваа во служењето на ктиторската вечерна богослужба, а потоа сите заедно тргнаа со литијата низ улиците во градот. На чело на литијата беше член на Бигорското братство кој го биеше клепалото, потоа следуваа носачите со крстови, рипиди, знамиња, псалтите и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на град на Скопје, чудотворните икони на Св. Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско – кичевската епархија, Митрополитот Тимотеј и други Митрополити, а на крај следуваа моштите на Светиот во украсен епитаф.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски