(ВИДЕО) Велески: Анестезиолозите одбиваат да работат на дотраените апарати

Од:

Загрижувачко известување, упатено од страна на Лекарскиот колегиум на Одделението за анестезија и реанимација до управата на Општата болница „Борка Талески“ Прилеп, го потврдува она на што алармиравме пред неколку дена, вели Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Имено, на ден 04.09.2015, докторите анестезиолози од прилепската болница го известуваат Министерот за здравство, Директорот на болницата и колегите оператори, дека нема да изведуваат анестезии, со исклучок на витално загрозени пациенти.

Анестезиолозите одбиваат да превземаат понатамошен ризик и одговорност за работа со апаратите за анестезија, поради нивна дотраеност и целосно отсуство на нивно сервисирање и потврда за нивната исправност.

Со ова писмо, не само што паѓаат во вода изјавите на директорот на болницата, Богатиноски и на ВМРО-ДПМНЕ, дека СДСМ непотребно шири паника, туку е потврда дека во болницата се случува комплетен РАСПАД и дека, потенцираме, одговорност мора да има!

Прилог

Го повикуваме Јавното обвинителство, доколку смета дека има законски неправилности во работата на менаџментот на болницата, кои произлегуваат од ова известување, да постапи согласно Закон и да превземи понатамошни дејствија против одговорните лица, заради потенцијално загрозување на здравјето и животот на граѓаните на општина Прилеп.

Исто така, поради крајно сериозната ситуација во прилепската болница, ОО СДСМ Прилеп ќе поднесе барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, да изврши инспекциски надзор во ЈЗУ „Борка Талески“ Прилеп за состојбата со апаратите за анестезија и веднаш да се отстрани нивната нефункционалност.
Бидејќи Градоначалникот Ристески нема слух за овој проблем, го повикуваме Претседателот на Совет, Никола Димески, во рамки на неговиот капацитет и можности, да преземе итни мерки и активности за надминување на состојбата во болницата.

Доколку и тој не преземи ништо, тогаш, за ваквата негрижа и неодговорност спрема здравјето на прилепчани, подеднакво ја споделува одговорноста со премиерот во заминување, Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците