(ВИДЕО) Василевска: Заев да собере храброст и да го разреши својот миленик Рашковски

Од:

„Според објавата Драги Рашковски повторно е фатен во огромен скандал. Рашковски, иако знае дека не смее да разговара со Леонардо пред да биде доделена понудата наложува да се разговара со фирмата спротивно на законот, што може да се види и да се слушне од објавените аудио материјали.

„Единствено ќе разговараш за цената, а нема да разговараш за концептот“ – му наредува Рашковски на Климент Чепуњовски, стои во новата аудио снимка објавена во медиумите за набавка на 7 милионскиот АТМ систем за потребите на М-НАВ.

Што е тоа што во концептот е фиксирано, за кој не смее да се преговара? Дали нешто е однапред договорено од страна на Рашковски“, праша Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според објавеното во медиумите Драги Рашковски усно му наредува на Чепуњовски да одлучи во врска со случајот.

Според слушнатото од аудио разговорот се наметнува уште едно прашање, што е предмет на истрага, а го прават лицата кои се предмет на аудио снимката? Признава ли Рашковски директно дека набавката е криминална и може да биде предмет на истрага?

Сметаме дека е крајно време е Јавното обвинителство да се заинтересира за овој случај со 7 милионската аванта која Драги Рашковски по насока од страна на Зоран Заев ја договара со фирмата Леонардо.

Јавното обвинителство треба да превземе итни и неодложни мерки за обезбедување присуство, како што е определување на мерката – притвор, со што ќе се спречи можноста Рашковски да се впушти во бегство, да го повтори делото или да влијае на сведоци, бидејќи за делото кое може да му се стави на товар е предвидена казна затвор од најмалку 5 години.

Обвинителството треба дотолку повеќе да се позанимава со Рашковски, бидејќи во медиумите излегоа и обвинувања од страна на Ваљон Бела, поранешен директор на Клиничкиот центар – Скопје дека токму Рашковски зема мито за сите тендери на Клинички.

Почитуван, господин Љубомир Јовевски, Ве молиме надминете го стравот и постапете согласно закон, а не по налогот на Зоран Заев.

Исто така го повикуваме Зоран Заев конечно да собере храброст и да го разреши својот миленик Драги Рашковски од функцијата Генерален секретар на Владата за тој да биде во можност да одговара пред институциите и пред правдата.

Време е за одговорност. Правото мора да се почитува. Право и правда за сите македонски граѓани, правда за македонскиот народ“, изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање