(ВИДЕО) Василевска: ДКСК да отвори постапка и да ја запре исплатата на пола милион евра кон НВО во ек на избори

Од:

„Власта на СДСМ префрла половина милион евра во ек на изборна кампања на НВО, а Државната комисија за спречување на корупција молчи.

СДСМ најпрвин ја злоупотребија вонредната состојба и во брза постапка ги распредели средствата на НВО кој е близок до нив За недела дена распишаа оглас, извршија евалуација и доделија над половина милион евра.

ДКСК не најде за сходно да реагира и да види како тоа за 48 часа, колку што изнесуваше рокот за евалуација и избор на проектите, Комисијата која одлучувала за распределување на средствата да прочита над 550 проекти, со над 5.500 пишани страни материјал?! И дали ваквата „брзина“ во избор не ги заинтересира дали зад тоа не се крие веќе однапред договорена работа, кој и колку средства треба да добие?!“, рече Иванка Василевска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено само за потсетување на ДКСК уште еднаш ќе ги повторам фактите од случајот, распределба на половина милион евра народни пари за изборен поткуп преку НВО. Власта распишаа оглас на 06.06.2020 година, кој траеше не цели 5 дена односно до 11.6.2020 година до 12 часот и беше со скратена документација, за потоа во рок од само 48 часа, време кое го имаа за да разгледаат 550 проекти и над 5.500 страници материјал да изберат само 40 НВО – кои добија грант.

Откако ја злоупотребија вонредната состојба, сега го злоупотребуваат и процесот на изборите. Имено на ден 01.07.2020 година, против законски во тек на официјална кампања на невладините организации им се префрлаат парите од огласот. Затоа денес поднесовме приговор до ДКСК да постапи за прекршување на членот 8-а од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Ја повикуваме ДКСК веднаш да реагира во однос на приговорот. Јавно ја повикуваме да ја суспендира постапката за доделување на средства на граѓански организации во период каде што изборната кампања е во полн ек, а воедно и да започне истрага за целокупната постапка за доделување на грантови, започнувајќи од содветноста и законитоста на објавувањето на повикот, завршувајќи со одлуките на владината комисија која одлучувала која организација ќе добие грант.

СДСМ ја тоне државата.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткање на кичмата. Исправи се Македонијо! Обновата доаѓа!“, изјави Иванка Василевска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски